logo
en [mk] alb
linkedin icon twitter icon facebook icon
 

Добре Дојдовте на Веб-страницата на Пекабеско!

На оваа веб страница ќе можете да се запознаете со Компанијата Пекабеско, производите и луѓето коишто ја креираат нашата успешна приказна.

Наша цел е да бидеме помеѓу водечките дистрибутерски – производни куќи во Републикава од прехрамбената област , од нашата дејност,

Треба да обезбедуваме постојано повисоко ниво на квалитет на нашите услуги и производи,

Tреба да обезбедуваме современа понуда на нови услуги и производи,

Tреба да обезбедуваме постојано градење традиција на друштвото со други зборови градење имиџ на Пекабеско,

Преку ефикасноста и економичноста во работењето да оствариме профит секоја година.

 

За нас

Пекабеско АД од Скопје е компанија која има повеќе од 35 годишна традиција, а е формирана во далечната 1979 година. Своите корени ги влече од преставништвото на тогаш најголемиот Земјоделски комбинат ПКБ Белград кое е отворено во 1972 год. Во 1991 година ПКБ-Скопје станува една од првите целосно приватизирани компании во Македонија. Основната дејност на компанијата е производство на сувомесни производи и дистрибуција на храна и цигари.

Во 1998 година започна со производство на сувомеснати производи под брендот Пекабеско. Денес, палетата на сувомеснати производи опфаќа најразлични видови трајни, димени и полутрајни производи.

Покрај производството, врши дистрибуцијата на стока на повеќе домашни и странски комапании и е клучна дејност на Пекабеско. Техничките можности, но човечките ресурси и кадар, овозможуваат Пекабеско да заземе едно од водечките места во дистрибутивната дејност во Македонија. Најдобар показател за успехот во оваа сфера е довербата која многу познати регионални и светски компании и брендови ја даваат на Пекабеско со што секојдневно се врши дистрибуција за десетици домашни и меѓународни компании, односно на повеќе од 270 различни производи.

Во 2012 година изграден e новиот Производствено – логистички центар на Пекабеско, лоциран во с.Кадино, Илинден. Објектот е изграден со инвестициски кредит од 9.5 милиони евра преку Европската инвестициска банка (ЕИБ) и МБПР, сервисиран преку НЛБ Тутунска банка, а остатокот (3.5 милиони евра) се сопствени средства на компанијата. Оваа инвестиција вредна 13 милиони евра донесе нови барем за сега 100 нови работни места,а се планираат уште 100 кога ќе се доопреми објектот.

Центарот е изграден по сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи. Фабриката има капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје.

Производствено – логистичкиот центар на Пекабеско е со површина од 19.700 м2 од кои на производствениот дел припаѓаат 10.500 м2, на дистрибутивните складишта 5.600 м2, на пропратните простории им припаѓаат 1.500 м2, а на административниот дел 2.100 м2. Пекабеско располага со дистрибутивна мрежа која се состои од повеќе од 50 возила и над 60 вработени само во дистрибутивно логистичкиот сектор и магацини со 7000 палетни места на сите режими на лагерување. Компанијата секојдневно врши и дистрибуција за десетици домашни и меѓународни компании, односно на повеќе од 270 различни производи.

Технолошкото решение за изградба на објектот го направи швајцарска компанија запазувајќи ги сите европски нормативи и стандарди во производство и дистрибуција за центарот да добие и европски извозен број.

 
 

Медиа линкови