logo
en [mk] alb
linkedin icon twitter icon facebook icon
banner

Производство

Во Септември 2010 година Пекабеско А.Д. Скопје почнува да гради нов Производствено – логистички центар за преработка на месо и месни производи, како и дистрибутивни складишта во с. Кадино, општина Илинден. Фабриката во Шуто Оризари, каде Пекабеско беше 26 години не ги задоволуваше плановите за раст на компанијата проширувањето на работењето на компанијата.

Оваа, трета локација за производство и дистрибуција на Пекабеско беше целосно изградена и опремена во Октомври 2012 година.

Производствено – логистичкиот центар на Пекабеско е изграден по сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи. Фабриката има капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје.

Центарот е со површина од 19.700 м2 од кои на производствениот дел припаѓаат 10.500 м2, на дистрибутивните складишта 5.600 м2, на пропратните простории им припаѓаат 1.500 м2, а на административниот дел 2.100 м2.

Целокупниот објект е опремен со опрема од најпознати европски производители (Handtmann- полнилки, Maurer-Atmos – комори за термичка обработка и комори за трајни производи, Poly-Clip – машини за автоматско затварање, Alpina cuter 330l- машина за емулгирање на производите, Tiromat- автоматска машина за вацуум пакување итн.

Системот за ладење е централизиран и целиот производен дел е обезбеден со контрола (записи и аларми) на температурата во секој сегмент. Системот работи на вода и користи еколошки фреони пропишани со европски регулативи.

Подовите се изработени со епоксидни смоли кој овозможуваат спроведување на високите хигиенски норми.

Сето ова овозможува, “Пекабеско ад” под логото Пекабеско, денеска да произведува сувомесни производи од сите типови на полутрајни и трајни производи

Во процесот на производство се користат проверени европски производители и добавувачи на адитиви, зачини, материјали за пакување. Во производната програма има производи од свинско, пилешко и говедско месо.

Пекабеско произведува различни типови на пакувања следејќи ги потребите на пазарот и потребите на потрошувачите.

Медиа линкови