logo
en [mk] alb
linkedin icon twitter icon facebook icon
banner

Историјат

1972 година

ПКБ формира преставништво во Скопје со цел да ги дистрибуира производите на оваа компанија на просторите на Македонија, Јужна Србија и Косово.

 

1979 година

ПКБ на територија на Р.Македонија формира самостојно правно лице во 1979 година.

1991 година

Согласно законот за приватизација во поранешна Југославија, ПКБ-Скопје станува една од првите целосно приватизирани компании во Македонија.



1998 година

ПКБ-Скопје гради мал погон за производство на сувомеснати производи и влегува на пазарот со брендот Пекабеско за сувомеснати производи.



2003 година

Пекабеско гради нова фабрика за сувомеснати производи со капацитет од 260 тони месечно. Истовремено, ПКБ-Скопје. АД, го променува името во Пекабеско АД, како резултат на успехот на својот бренд кој за кратко време достигна одлични резултати и препознатливост на пазарот.



2009 година

Пекабеско го добива меѓународното престижно признание за македонски Супербренд



2012 година

Пекабеско го отвори новиот Производствено – логистички центар во с. Кадино, Илинден. Центарот е со површина од 19.700 м2 и е изграден по сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи. Има капацитет за производство од 35 тони на ден, а располага со широка дистрибутивна мрежа и магацини со 7500 палетни места на сите режими на лагерување.

Медиа линкови