logo
en [mk] alb
linkedin icon twitter icon facebook icon
banner

Порака од директорот

 

Добредојдовте на новата веб страна на Пекабеско.

Тука можете да ги пронајдете сите информации и податоци за нашата компанија, производите и луѓето коишто ја креираат нашата успешна приказна.

Наша цел е да бидеме помеѓу водечките производствено – дистрибутерски компании во Македонија, обезбедување на постојано високо ниво на квалитет на нашите производи, но и постојано да нудиме нова и современа палета на препознатливите Пекабеско производи и услуги.

Компанијата Пекабеско има 35 годишна традиција, а нашите производи се знак на препознатливост на македонскиот квалитет и на трпезите во речиси сите земји од регионот и пошироко во Европа.

Пекабеско секојдневно го зголемува своето производство, како и капацитетот на услуги кои ги нуди.

Во 2012 година во употреба го пуштивме новиот Производствено – логистички центар на Пекабеско, лоциран во с. Кадино, Илинден. Инвестиција вредна 13 милиони евра, која овозможи изградба на современ објект со највисоки стандарди со површина од 19.700 м2.

Овој Центар е изграден по сите европски и HACCAP стандарди за производство на сувомесни производи. Тој има капацитет за производство од 35 тони на ден, конфекционирање на свежо месо, производство на паштети, складирање и расекување на свежо месо, пакување на смрзната риба, пакување на смрзнат зеленчук и овошје.

Пекабеско располага и со дистрибутивна мрежа која се состои од повеќе од 50 возила и над 60 вработени само во дистрибутивно логистичкиот сектор и магацини со 7000 палетни места на сите режими на лагерување.

Со еден збор, нашата главна цел се задоволни потрошувачи и соработници, загарантиран квалитет на производите и услугите и постојан развој.

Ви благодарам на довербата која ни ја давате.



Со почит,

Слободан Кутревски

Прв Извршен директор

Медиа линкови