logo
en [mk] alb
linkedin icon twitter icon facebook icon
banner

Политика на квалитет

ПЕКАБЕСКО А.Д како трговско друштво кое се занимава со производство на сувомесни производи и трговија со прехрамбени производи се определува во своето работење, во целост да ја спроведува ПОЛИТИКАТА ЗА КВАЛИТЕТ чии основни принципи се:



Воспоставување деловен систем за квалитет ориентиран кон:

  • пазарот и потрошувачите се со цел да се освои, добие нивната доверба и истовремено да се завземе што поголемо учество на истиот пазар

  • само квалитетен производ - услуга да бидат достапни до пазарот и потрошувачите, се со цел да се зголеми и подобри имиџот на фирмата

  • Друштвото работи само со оние производи - услуги кои ги поседуваат оние критериуми кои се дозволени со позитивните законски прописи на РМ

  • воспоставување на коректни односи и со купувачите и со добавувачите како би се исполниле барањата на ПЕКАБЕСКО А.Д.

  • идентификување и отстранување на сите недостатоци кои можат да предизвикаат губење на работа, потрошувачите и пазарот, а со тоа смалување на добивката

  • сите вработени своите работни задачи ги извршуваат во рамките на нивните дефинирани одговорности, со што помали трошоци, а со поголема продуктивност на работата



ПЕКАБЕСКО АД се обврзува да :

  • произведува и пласира производи со висок квалитет

  • преку имплементација на системот на квалитет BRC-HACCP произведува и продава безбедна и здравствено исправна храна задоволувајќи ги барањата на пазарот и потрошувачите

  • води грижа за стручно оспособување на вработените на сите нивоа за производство и продажба на квалитетна и здравствено исправна храна

  • води грижа за подобрување на условите за работа, опремата и заштита на животната околина

Медиа линкови