logo
en [mk] alb
linkedin icon twitter icon facebook icon
banner

Пекабеско донираше млеко и сувомесни производи во Пунктот за бездомници

Пекабеско донираше млеко и сувомесни производи во Пунктот за бездомници

Пекабеско со донирање на пакети производи се приклучи на големиот број на хумани граѓани, волонтери и компании кои секојдневно ги згрижуваат бездомниците, особено во овој период заштитувајќи ги од студените температури и поларната зима која ја зафати Република Македонија.

Во координација со Црвениот Крст на Град Скопје, пакетите за храна во рамките на општествено одговорната акција „Секој твој лајк помага“ беа наменети и донирани во Пунктот за бездомници на Црвениот Крст во Момин Поток.

„Благодарни сме на огромниот број потрошувачи на кои првиот избор им се производите на Пекабеско. Со тоа овозможуваат континуирано да бележиме раст на компанијата и постојано да инвестираме во заедницата преку вакви и слични активности. Голема благодарност и до Црвениот Крст на Град Скопје со кои во континуитет остваруваме успешна соработка базирана на принципите на хуманост и солидарност кон ранливите групи во Македонија“.

Акцијата, која ја спроведуваме заедно со Facebook заедницата е наречена „Секој твој лајк помага“, а Пекабеско за секој нов лајк на страната на Facebook одвојува по 3 денари наменети за пакети за храна за социјално загрозени семејства. Претходно, во рамките на оваа акција беа донирани 57 пакети со храна наменети за социјално загрозени семејства.

Назад

Медиа линкови