logo
en [mk] alb
linkedin icon twitter icon facebook icon
banner

Пекабеско инвестира над 1.4 милиони евра во нова опрема и машини

Пекабеско инвестира над 1.4 милиони евра во нова опрема и машини

„Станува збор за нова опрема во линијата за конзерви, линијата за слајс, линијата за полнење на комадно месо во црево, како и линијата за пакување на комадно месо. Вкупната инвестиција е во висина од над 1.4 милиони евра и очекуваме да придонесе за зголемување на производствениот и извозниот капацитет на Пекабеско, како и зголемување на бројот на вработени во нашата компанија“, изјави Слободан Кутревски, прв извршен директор на Пекабеско.

Според Кутревски, очекувањата се двојно зголемување на капацитетот на линијата за конзерви, како и зголемување на капацитетот за производство на паштети и нарезоци за педесет проценти. Значителни зголемувања се очекуваат и на капацитетите за производство на линиите за слајс, вакуум и полнење на комадно месо во црево.

Исто така, со оваа инвестиција ќе се зголеми бројот на вработени во производствениот процес на компанијата за најмалку 50 лица, а зголемената ефикасност и продуктивност ќе придонесе за поголем извоз, односно подобра ценовна конкурентност на пазарите каде се пласираат производите на Пекабеско.

Воведувањето на сите овие нови линии дополнително ќе придонесе за приближување на производите до навиките на потрошувачите или т.н. „ready to use“, нова амбалажа која овозможува уште подобар квалитет во делот на емулгацијата и максимално хигиенско-безбедносно ниво при консумацијата, како и подобрување на квалитетот на производите во ланецот на складирање и дистрибуција.

Пекабеско во 2012 година го отвори новиот Производствено – логистички центар во Кадино, општина Илинден, инвестиција вредна 13 милиони евра. Заклучно со оваа инвестиција во изминативе 4 години, Пекабеско има инвестирано околу 18 милиони евра.

Пекабеско е компанија со речеиси 40-годишна традиција која денес брои повеќе од 450 вработени.

Назад

Медиа линкови